АЕК усвои нов Правилник со обврски за операторите

03.02.2015 13:24

Со новиот Правилник, операторите се обврзани да ги обноват договорите со претплатниците и во нив да ги наведат каналите...

Речиси 800 барања за решавање спорови пристигнале од граѓаните на адреса на Агенцијата за електронски комуникации. Најголем дел од нив се однесуваат на  квалитетот на мобилниот интернет.

Согласно новиот Правилник на АЕК, во случај претплатникот да надмине сметка за интернет во роаминг од 1.000 денари операторот задолжително го известува за тоа и го прашува за согласност за натамошно користење на услугата. Ограничувањето за разговори во роаминг е 3.000 денари по што исто така корисникот добива прашање дали сака да го продолжи сервисот.

Со новиот Правилник, операторите се обврзани да ги обноват договорите со претплатниците и во нив да ги наведат каналите.

Во моментот кога ќе потпишете претплатнички договор со некоја кабелска или со некој друг комерцијален провајдер тој се обврзува на листа на канали кон крајниот корисник, што подразбира дека треба да си ја сработи домашната работа во однос на обезбедувањето на авторските права. Ако тоа не е обезбедено во тек на траењето на  претплатничкиот договор корисникот може веднаш да го раскине, што не беше случај досега. Телевизиските оператори досега беа во состојба да ја менуваат содржината, но сега веќе не можат да го прават тоа, изјави денеска на прес-конференција директорот на АЕК Роберт Ордановски.