Франција: Уапсени осум лица за испраќање исламски терористи во Сирија
03.02.2015 14:32
Според полицијата, уапсените не се поврзани со минатомесечните напади во кои беа убиени 20 луѓе...

Француската полиција уапсила осуммина поради учество во мрежа одговорна за испраќање исламски екстремисти во војната во Сирија.
Според полицијата, уапсените не се поврзани со минатомесечните напади во кои беа убиени 20 луѓе.
Француските власти се обидуваат да спречат ново насилство и се во потрага по можни соучесници на тројцата радикални исламисти кои го нападнаа магазинот Шарли Ебдо.
