Голема акција во Пелагонија: Со 10 илјади вреќи песок се зајакнува насипот на Црна Река

03.02.2015 15:08

Во посета на најпогодените локации беше претседателот Иванов придружуван од началникот на генералшатабот на АРМ генерал потполковник Котески...

Во справување со заканите од нови поплави во Пелагонија се ангажирани   над 250 војници и вработени во јавните претпријатија. Со 10 илјади вреќи песок се зајакнува насипот на Црна Река во населените места Лознани и Царлија.

Во посета на најпогодените локации беше претседателот Иванов придружуван од началникот на генералшатабот на АРМ генерал потполковник Котески.

По денешниот релативно топол ден за утре се очекува зголемување на водостојот . Во земјава во одбрана од поплави вкупно се ангажирани 700 припадници на АРМ и соодветна механизација.