Вицепремиерот Бесими во посета на САД
03.02.2015 15:20
Во рамки на посетата Бесими ќе присуствува и на Молитвениот појадок во Вашингтон каде што ќе учествува претседателот на САД, Барак Обама, конгресмени, како и други лидери и високи претставници од цел свет...

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, престојува во официјална посета на САД, каде што во текот на денов ќе има неколку средби во Стејт департментот, во Националниот совет за безбедност и во Конгресот.
Како што соопшти неговиот кабинет, во рамки на посетата Бесими ќе присуствува и на Молитвениот појадок во Вашингтон каде што ќе учествува претседателот на САД, Барак Обама, конгресмени, како и други лидери и високи претставници од цел свет.
Попладнево, предвидено е Бесими да одржи предавање на Универзитетот „Џон Хопкинс“ на тема „Македонија – може ли да се влезе во ЕУ?“
