Се стабилизира состојбата со поплавите во струшко

03.02.2015 16:18

Состојбата во струшко полека се стабилизира. Устието на реката Црн Дрим беше неколку дена ставено на минимум за да не дојде до преливање на реката по нејзиното течение. Денес таа беше пуштена, што е знак дека водата се повлекува...

Се стабилизира состојбата со поплавените подрачја во струшко. Убавотот време, сонцето и повисоките температури беа причина за повлекувањето на водата. Пумпи за вода се уште може да се забележат по струшките дворови, но граѓаните велат дека состојбата се нормализира.

Со водата немавме мака многу туку со мразот имаше повеќе проблеми, вели еден стружанец.

Канализацијата не влечи и шахтите се полни. Сега за сега водата се повлече. Дримов се повлече, тој е регулатор. Штом се спушти и водата се повлекува, велат стружани.

Отворањето на устието на реката Црн Дрим од страна на надлежните органи, е потврда дека водата се повлекува.

Дека ситуацијата во струшко со поплавите се стабилизира говори и сликата на реката Црн Дрим. Веќе се пушта браната и реката може слободно да тече со оној капацитет на вода како што течеше и претходно. Тоа значи дека опасноста од преливање веќе е минато.

Големите врнежи од дожд и снег кои го зафатија струшкиот крај и предизвикаа поплави на одредени места ќе бидат поука за во иднина да се посвети поголемо внимание за чистотата на одводните канали и функционалноста на канализационата мрежа во Струга.

 

Јованчо Наумоски