Штети по поплавите: Мали се изгледите дека есенската сеидба ќе даде жетва

03.02.2015 16:29

Доколу водата се задржи нема да има време да се повтори сеидбата, велат агрономите кои сметаат дека кај другите култури ќе имаат приноси помали за 50 проценти...

Временските непогодни го земаат својот данок. Огромна обработлива површина од најголемата житница е под вода. Според агрономите мали се изгледите дека есенската сеидба ќе даде жетва. На кочанските полиња има вода и до дваесет сантиметри, во Пелагонија и до половина метар.

Доколу водата се задржи нема да има време да се повтори сеидбата, велат агрономите кои сметаат дека кај другите култури ќе имаат приноси помали за 50 проценти.

Професорот Бошев смета дека недостигот на воздухот во пченицата подолг период и задржувањето на водата ќе го скапе семето.

„Поради големите количини на вода има однесување на дабар дел од поникнатите растенија. Буквално се создаваат реки и канали во самите површини. Презаситена е почвата и со самото тоа се создава еден вид угушување на растенијата“, смета проф. Дане Бошев, агроном.

И покрај големите штети по родот сепак мал е интересот за се осигурување на посевите, помалку од десет проценти, велат од осигурителните компании.  

„Субвенциите во земјоделското осигурување достигнуваат до 60% од страна на Министерството, а 40% би требало да платат индивидуалните земјоделци“, изјави Бошко Андов, генерален менаџер на Осигурување Македонија.

Осигурувањето од поплави е еден од основните ризици, но во јануари земјоделците не купуваат полиси, вели Андов.

 

Дијана Ценевска