Струмичиот регион без вода, пролетното производство ќе го нема!

03.02.2015 16:52

Струмичкиот регион веќе е без вода. Дефектот на регионалниот водовод кој што настанал од човечка грешка се очекува да биде отстранет до утре, а дотогаш граѓаните ќе бидат снабдувани со вода од цистерни...

Дефект на главната водоводна линија од регионланиот водовод на браната Турија до утре на пладне ќе ги остави без вода за пиење жителите на Струмица, Добрејци, Дабиле, Градско Балдовци, Баница, Просениково, Василево, Градашорци, Ангелци и Едрениково, соопштуваат од Центарот за управување со кризи. Од јавното комунално претпријатие Комуналец Струмица, велат дека дефектот е настант од субјективна причина.

„Тоа е настанато не по вина на комунлното претпријатие, туку по вина на субјективни други фактори, кои во моментов не можам да ги потенцирам“, изјави Зоран Ѓоргиев- директор на ЈПКД „Комуналец“ Струмица.

Дотогаш, граѓаните ќе добиваат техничка вода од цистерни, потенцираат надлежните. Инаку, и денеска продолжи контролираното испуштање вода од акумулациите Турија и Водоча, за браните да се одржуваат на стабилно ниво за да не дојде до нивно излевање. Според Струмички слив, реките кои ги примаат водите имаат доволно капацитет да ги соберат овие испуштени води. Во меѓувреме, жителите ги санираат штетите пред се од полињата. Велат, ќе го нема пролетното производство.

Комисиите работат по 450-те барања на жителите, од кои на педесетина им се поплавени и домовите.

„Се работи интензивно, секојдневно со цел да се запазат роковите, како и да се направи правична и комплетна проценка“, вели Ацо Ѓоргиев, Комисија за утврдување штети, Струмица.

Дополнително, работи и комисија со инжинери и градежници кои вршат процена на штетите на имотите.

 

Катерина Давчева