Црвениот крст почна со дистрибуирање хуманитарна помош во поплавените региони
Со повик на телефоните 143-400 на сите мобилни оператори граѓаните ќе можат да донираат 100 денари. На сметка на Фондот на солидарност ќе собираат пари за помош на жителите во поплавените подрачја...

Црвениот крст започна акција што ќе трае во наредниве 12 дена. Ги повикуваат компаниите да донираат вода и средства за дизинфекција, бидејќи според проценките тоа недостига во полавените подрачја. Исто така имаат жиро-сметка и мобилни телефони на коишто ќе можат да донираат граѓаните.
Со повик на телефоните 143-400 на сите мобилни оператори граѓаните ќе можат да донираат 100 денари. На сметка на Фондот на солидарност ќе собираат пари за помош на жителите во поплавените подрачја.
„Проценката е веќе направена, за сите дополнителни промени во оваа хуманитарна акција, ќе ги доставиме потребните информации. Идејата е да ги следиме инструкциите согласно состојбата на теренот, за да можеме навистина да помогнеме со она што е најнеопходно“, изјави Сузана Тунева Пауновска, секретар на Црвен крст на Град Скопје.
Од Црвен крст велат нивните волонтери се на терен. Изминтативе денови пакети вода, храна, ќебиња и средства за хигиена се поделени во Радовиш, Штип, Струмица и Кочани.
Наташа Јанчиќ
