Божикен ручек на 400 деца

08.01.2014 15:34

Песна, насмевки, радост, дружење. Децата од Македонија на заеднички ручек на најрадосниот празник- Божик. Чувството е убаво, желбите единствени.

-Убаво се чувствувам што сум прв пат дојден и чест ми е да се дружиме

-Им посакувам на сите повеќе среќа и љубов во Новата година

-Здравје и мир

-Да биде среќна

Детската амбасада за сите деца во светот по осми пат организатор на Божикниот ручек

Една заедничка трпеза  и едно мото- „Едно небо за сите деца“. Околу 400 деца од земјава заедно го слават Божик.

За организаторот нема поголема цел  од детската насмевка

-Имаме дечиња од секаде, од сите целни групи – деца на загинати бранители, деца со посебни потреби, деца од домот „11 Октомври“ од Скопје. Ќе се дружиме денес, вели Александра Северкоска Стојаноски, извршен директор на Детската амбасада за сите деца во светот.

Орденот за носител на мирот  годинава за владиката Петар.

-  Како што тие меѓусебе се дружат не гледајќи од која нација се и од која вероисповед, така нека ни бидат и нам пример, вели владиката Петар.

Божик е ден за убави пораки и подароци.

-Да им посакаме на децата безгрижно детство, а ние колку можеме повеќе да се грижиме за нив, порача Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

-Ќе продолжиме  да ги помагаме децата да се насочени на правилен пат, смета Виктор Адамовски од ЕВН, покровител на Божикниот ручек.

Детските желби и на божик едноставни. И искрени.

Новинар- Елизабета Митреска

Снимател- Илчо Димески