МОН: Постигнат договор со СОНК, наставата од утре продолжува нормално

03.02.2015 22:20

Врз основа на взаемно прифатената спогодба, Одлуката за генерален штрајк на СОНК се става вон сила...

Министерството за образование и наука и Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) по неколкудневни интензивни преговори, постигнаа взаемно прифатлива спогодба по однос на сите отворени прашања, информираат од МОН.
 
Врз основа на взаемно прифатената спогодба, Одлуката за генерален штрајк на СОНК се става вон сила. Истовремено, продолжуваат интензивните преговори во рамки на социјалниот дијалог. Ги известуваме родителите и учениците, дека наставата од утре, 4.2.2015 година, ќе продолжи нормално да се реализира во сите училишта, стои во соопштението.