Ракомет – СЕХА лига

Со Мартин, а без Дејан во Прешов

04.02.2015 10:15

Вечер од 18 часот металурзите му гостуваат на словачкиот шампион Татран во рамките на 12-тото коло од СЕХА регионалното натпреварување...

Три дена по победата за самодоверба против Нексе,изменетата екипа на македонскиот ракометен шампион Металург е пред нов предизвик.

Вечер од 18 часот металурзите му гостуваат на словачкиот шампион Татран во рамките на 12-тото коло од СЕХА регионалното натпреварување. Составот на Металург одново претрпе измени во однос на дуелот со Нексе. За Прешов не отпатува Дејан Манасков што само ги засили шпекулациите дека и тој е еден од ракометарите што сака да ја смени клупската средина. Во составот што ќе настапи во татран арената нови имиња се Мартин Манасков и  Ацо Јоноски кој сега без Велко Маркоски ќе се обиде да ја засили одбраната на Маталург.

Во четвртата сезона на СЕХА,Металург само  вторпат патува во Прешов. Првото гостување го загуби со 20-27,а нашиот претставник славеше на стартот на оваа сезона  на домашен терен со 34-28.

Значително подмладениот состав на Металург сега не е фаворит,но мечот во Прешов е одлична шанса на младите ракометари да се наметнат ,да го прикажат својот квалитет и да се изборат за место во првиот тим.

Преносот од дуелот Татран-Металург е од 18 часот на МРТ собранискиот сервис.