Над 2.000 работници ќе бидат ангажирани на изградба на патишта оваа година
Согласно податоците на Агенцијата за патишта во 2015 година планирано е да се работи на 184 километри пат (без автопатите) во кои само годинава ќе се инвестираат 223 милиони евра.

Над 2.000 работници ќе бидат ангажирани годинава на изградба на патишта. Согласно податоците на Агенцијата за патишта во 2015 година планирано е да се работи на 184 километри пат (без автопатите) во кои само годинава ќе се инвестираат 223 милиони евра.
Над илјада луѓе годинава ќе се ангажираат само на автопатиштата Кичево-Охрид и Миладиновци–Штип. Годинава во автопатот Кичево-Охрид планирано да е се инвестираат 70 милиони евра, а во автопатот Миладиновци –Штип 50 милиони годинава. Работите на Демир Капија- Смоквица се во понапредна фаза и за изградба на овој автопат годинава ќе се потрошат 38 милиони евра.
Годинава ќе се врши рехабилитација и на 37 километри автопат и тоа на делниците Велес- Катланово, Гевгелија- Смоквица и Куманово Миладиновци.
Годинава ќе почне изградбата на регионалните патишта Градско-Прилеп и Штип-Кочани. Исто така ќе се продлжи со градбата на Велес-Кадрифаково, Новаци-Добрушево.
Со сопствени средства Агенцијата за патишта ќе ги гради патот до Сончев град, Опаје-Белановце-Станчиќ и Арачиново-Липково-Оризари во должина од 9,5 километри.
Со средства од Светска банка ќе се врши рехабилитација на магистрални и регионални патишта Битола-Ресен-Буково, Ново Село-Маврово-Жировница-Дебар, Кочани-Делчево, Тетово-Брвеница-Чегрово-Гостивар, Делчево-Голак, Мокрино-Смолари, Нов Дојран-Николиќ, Мелнички мост- Центар Жупа, Лажани-Ропотово-Црнилиште, Кривогаштани-Обршани-Воѓани во вкупна должина од 83 километри.
Ќе се градат и 46 локални патишта во должина од 57 километри.
