„Супер-џи“ со многу победнички желби
Гледалиштето исполнето со Американци, набиени со победнички набој вчера занеме, откако Линдзи Вон беше поразена од Фенингер и Мазе. Денеска желбите ќе ги фокусира кон Тед Лигети и Боди Милер...

Втор ден е на првенството, светот е во очекување на нова голема натпреварувачка претстава.Ќе се вози машкиот супервелеслалом, скијачката „Формула2“!Прв пат во оваа сезона на стартната листа е комплетната светска елита. Од списокот на 66-мина скијачи на стартот се издвојува името на Кјетил Јансруд, 28 годишен Норвежанец, лидер во Светскиот куп,олимписки победник од Сочи во „супер-џи“!На задолжителниот трениг имаше најдобро време, дојде ли времето за првото негово светско злато?Бидејќи, го следи проклетството од последните три мундијалски старта во оваа дисциплина, без да стигне до целта!
Гледалиштето исполнето со Американци, набиени со победнички набој вчера занеме, откако Линдзи Вон беше поразена од Фенингер и Мазе. Денеска желбите ќе ги фокусира кон Тед Лигети и Боди Милер. Лигети е последниот славодобитник во „супер-џи“, ќе го брани златото од Шладминг.Боди Милер е најголемиот домашен миленик, американска легенда, но тој денеска има 37 години и 115 дена, и повреда на грбот поради која ја пропушти првата половина од сезоната,па ова ќе му биде прво излегување на снегот.Ако победи ќе внесе нова страница во скијачката историја, како највозрасен светски шампион.Во слична улога е и Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал, екс-светски првак, еден од најкомплетните протагонисти на белите патеки. Имаше тешка повреда на „ахиловата тетива“ во подготвителниот дел од сезоната и сега прашање е колку ќе биде во можност да ги командува своите скии да бидат брзи и прецизни!
Супервелеслаломот е најмладата дисциплина во скијачкото семејство. На програмата на светските првенства е од 1987 година во Кран Монтана.Во меѓувреме се изнедрија 14 светски шампиони:четворица Швајцарци, по тројца Австријци, Норвежани и Американци,еден Италијанец.Само еднаш светското скијање остана осиромашено, без супервелеслаломска трка, кога во 1993 година во Мориока кога орканскиот ветар ја оневозможи трката..Вечер во 19 часот во Бивер Крик вторпат ќе биде активиран мерачот,со прашањето: кој ќе полета највисоко на патеката „Птици грабливки“!
