Отпадоците од кланиците безбедно да се складираат и отстранат

04.02.2015 13:25

Отпадоците од кланиците мора да бидат безбедно складирани и отсранети. Иако се отпад и може да бидат и суровина за други индустрии, кај нас најчесто завршуваaт во депонија...

За да се намали здравствениот ризик за луѓето и добитокот, собирањето, транспортот и складирањето на отпадот од животинско потекло мора да се врши во соодветни услови. Треба да се почитуваат правилата за отстранување на потенцијалните опасности.

Освен кожите, отпадоците, главно одат во депониите иако некои земји ги  користата во козметичката и во фармацевтската индустрија за креми за лице, сапуни и шампони.

Со мала адаптација и кај нас постојат можности за развој на оваа индустрија.

Досега, барани се само кожите, а се друго се фрла.

 

Методија Трајков