Лавина го затрупа патот кај манастирот Бигорски
04.02.2015 12:27
Регионалниот пат Дебар- Маврови Анови, во близина на Бигорскиот манастир, утрото во 9 и 40 часот беше затрупан од лавина од снег, камења и земја...

Според СВР Тетово сообраќајот е во прекин, а за расчистување на наносот се повикани екипи од „Македонија пат“.
На возачите им се препорачува деновиве да не патуваат по долината на Радика и да не се задржуваат кај Бигорскиот манастир зашто има опасност од нови одрони.
Според АМСМ сообраќајот на патниот правец Маврово-Дебар за патнички возила е нормализиран. Останува забраната за движење на тешки товарни возила.
Соња Стојановска
