Порошенко се надева на оружје од САД

04.02.2015 13:31

Поради ескалацијата на борбите, администрацијата на Белата куќа ја преиспитува првичната одлука на претседателот Барак Обама да не се испраќа оружје во Украина...

Претседателот на Украина Петро Порошенко не се сомнева дека САД ќе испратат  оружје за да и помогнат на Украина во борбата со проруските сепаратисти во источниот дел на земјата.

Поради ескалацијата на борбите, администрацијата на Белата куќа ја преиспитува првичната одлука на претседателот Барак Обама да не се испраќа оружје во Украина. Германската канцеларка Ангела Меркел вчера потврди дека е против испраќање оружје. Во десетмесечниот конфликт досега загинаа 5 300 лица.