Aвстрија: Азилантите од Косово побројни од Сиријците

04.02.2015 13:54

Минатата година Сиријците биле најголема група бегалци со барање за азил, потоа Авганистанците, Русите и на крај Косоварите...

Со 1.029 молби за азил во Австрија во јануари, жителите на Косово ги претекнаа и Сиријците (со 910 молби) кои што бегаат од војната во својата земја. На трето место се азилантите од Авганистан (622), потоа Ирак (286), пренесува Танјуг.

Минатата година Сиријците биле најголема група бегалци со барање за азил, потоа Авганистанците, Русите и на крај Косоварите.

Министерката за внатрешни работи на Австрија, Јохана Микл Лајтнер побарала промена за забрзување на процедурата за одлучување по молбите за оние што доаѓаат од „безбедни земји“ во кои е сместено и Косово.

Во спротивно, емигрантите би го блокирале системот за лица кои што бегаат од војна, смета министерката.