Пристигнуваат пратки хуманитарна помош за жителите од поплавените подрачја

04.02.2015 14:00

Со повик на телефоните 143-400 на сите мобилни оператори, граѓаните ќе можат да донираат по 100 денари...

Пристигнуваат пратки со хуманитарна помош за жителите од поплавените подрачја. Вода и лекови од Алкалоид и Пелистерка се доставени од пункот на Црвениот крст.

Со повик на телефоните 143-400 на сите мобилни оператори, граѓаните ќе можат да донираат по 100 денари. На сметка на Фондот за солидарност ќе се собираат пари за помош на жителите од полавените подрачја.

Волонтерите на терен собираат пакети вода, храна ќебиња, средства за лична хигиена.