Штрајкот прекинат, редовна настава во сите училишта

04.02.2015 14:03

Синдикатот се договори со Министерството за образование да се одложи примената на казните и наградите за наставниците...

Редовна настава има во сите основни и средни училишта во земјава. Штрајкот на СОНК е прекинат.

Синдикатот се договори со Министерството за образование да се одложи примената на казните и наградите за наставниците, се додека не се согласат за нов модел на екстерно тестирање.

Продолжуваат интензивните преговори во рамките на социјалниот дијалог.