Струмичко сеуште без вода
04.02.2015 14:17
Увид во состојбата и координација на активностите на терен спроведуваат владините функционери...

Струмица, Василево и уште осум населени места во струмичкиот регион, се уште се без вода за пиење, поради дефект на главната брана Турија. Екипите работат на терен, вода за населението е донесена од цистерни. Се очекува дефектот да биде отстранет.
Увид во состојбата и координација на активностите на терен спроведуваат владините функционери. Вицепремиерот Пешевски е во Новаци, министерот Спасов во Чешиново, заменикот за земјодлество Костадиновски во струмичко. Координативното тело активно работи на превенција од поплавите.
