Новите врнежи можат да направат уште поголема штета во прилепско
Врз основа на податоци од теренот и барање од општините, веќе се дадени насоки за користење на градежната механизација во справување со состојбите, дистрибуирани се материјални средства за превенција од поплавите...

Со новите врнежи нивото на водите е зголемено што незначи дека нема да настанат нови штети или излевање на реките од коритата, посочија од државното водостопанско претпријатие „Прилепско поле“, на денешниот редовен координативен состанок на Центарот за управување со кризи.
Обезбедени се вреќи со песок кои ќе се користат на критичните места, вклучена е АРМ и вработените во ЈКП, но сепак состојбата треба постојано да се следи поради новите врнежи на дожд и снег, посочи градоначалникот Марјан Ристески.
Врз основа на податоци од теренот и барање од општините, веќе се дадени насоки за користење на градежната механизација во справување со состојбите, дистрибуирани се материјални средства за превенција од поплавите, вреќи со песок, материјали за тампонирање и ангажирани се пунктни станици и онаму каде што се побарани за истек на водите од поплавените урбани средини. Комисиите излегоа на теренот и вршат процена на штетите, а екипи на Противпожарната единица од Прилеп се во населените места и ја испумпуваат водата од куќите и помошните простории на жителите од поплавените села.
Поради претрпените штети од елементарните непогоди од поплавите кои деновиве го зафатија Прилеп и прилепско, сите оштетени граѓани имаат право да поднесат барање за еднократна парична помош во Центарот за социјална помош, од градот Прилеп и населените места.
