Одбележани 143 годинa од раѓањето на Гоце Делчев

04.02.2015 14:29

Во црквата Свети Спас, свежи цвеќиња положија делегации на владата, Собранието и на Град Скопје...

Одбележани 143 години од раѓањето на големиот македонски револуционер Гоце Делчев. Во црквата Свети Спас, свежи цвеќиња положија делегации на владата, Собранието и на Град Скопје.

Во Црквата Свети Спас  беше одржана Панихида на Македонската православна црква, а по повод 143 година од раѓањето на еден од најголемите македонски револуционери, национален херој и великан, настапи и Мешаниот градски хор „Вардар“ под диригентско водство на Јасмина Ѓорѓеска.