Ќе се зајакнува капацитетот и квалитетот на услугите на УЈП

04.02.2015 15:04

Трајковски се надева дека Управата ќе ги зголеми капацитети за давање услуги преку новиот контакт центар што со помош на ИПА проектот ќе биде изграден до крајот на годинава...

Со голема успешност управата за јавни приходи постапувала минатата година. Прибрани се 18 милиони евра од персоналниот данок и 900 илјади евра од донокот на имот. Само во делот на данокот на додадена вредност има потфрлање од 10 милиони евра, како резултат на падот на цената на нафтените деривати на светскиот пазар. И покрај тоа Управата натфрли со нецел еден процент, објаснува првиот даночник.

„Сите сме сведоци што се случуваше во последниот квартал на 2014-та година, немаше макроекономист во светот што можеше да го предвиди тоа, па најмалку и во УЈП. Драстичниот пад на цената на нафтата на светските пазари, ние сме сведоци и каква е цената на нафтените деривати во Македонија, што е пак директно поврзано со ДДВ“, изјави директорот на УЈП, Горан Трајковски.

Трајковски се надева дека Управата ќе ги зголеми капацитети за давање услуги преку новиот контакт центар што со помош на ИПА проектот ќе биде изграден до крајот на годинава. Ќе се вложи и за нови даночни шалтери. А за регионалната канцеларија се предвидени 280 илјади евра.

„280 илјади евра ќе се потрошат за реновирање на приземјето на регионалната дирекција во Скопје, со цел да се отвори нов контакт центар“, потврди евроамбасадорот Аиво Орав.

Своите искуства експертите од шпанската даночна администрација ќе им ги пренесат на македонските колеги. Целта ќе биде и даночните обвзници од внатрешноста да можат да ги пријавуваат даноците и во Скопје.

 

Фиљана Кока