НБА Лига
Голден Стејт супериорно во Сакраменто
04.02.2015 15:49
Во двобојот меѓу претендентите за плеј-офот на Исток, Детроит го совлада Мајами со 108-91, Бостон во „Медисон Сквер Гарден“ го доби дуелот на великаните против Њујорк со 108-97...

Во НБА ноќеска беа одиграни пет средби. Водечкиот тим на Запад и воопшто во лигата, Голден Стејт, славеше на гости кај Сакраменто со 121-96. Уште во првиот период направи серија од 23-0, по којашто Кингс немаше што да бараат. Стивен Кари беше лидер на Вориорс со 23 поени и 9 асистенции. За Голден Стејт ова беше 38-ми триумф во 46-от натпревар сезонава.
Во двобојот меѓу претендентите за плеј-офот на Исток, Детроит го совлада Мајами со 108-91, Бостон во „Медисон Сквер Гарден“ го доби дуелот на великаните против Њујорк со 108-97, Филаделфија продолжи со будењето победувајќи го Денвер со 105-98 и во најнеизвесниот натпревар Портланд на гости славеше кај Јута со 103-102.
