Јордан одговори на свирепото убиство на пилотот
гзекутираше ирачанка затвореничка, Саида Ал Рашави, и уште еден терорист од редовите на Исламска држава...

Владатa во Аман одговори на свирепото убиство на јорданскиот пилот. Егзекутираше ирачанка затвореничка, Саида Ал Рашави, и уште еден терорист од редовите на Исламска држава.
В зори, криминалците Саџида Ал Пишави и Зијад Карболи беа погубени по пресудата за тероризам. Двајцата беа членови на терористички организации, соопшти јорданската телевизија.
Највисоките претставници на власта се заканија дека соодветно ќе одговорат на нападите на ИДИЛ. Таткото на јорданскиот пилот кој беше запален жив побара одмазда за смртта на синот. Порача дека не е ништо денешното бесење на жената бомбаш самоубиец и повика на радикална борба. Американскиот претседател Обама со осуда за ИДИЛ. И јорданскиот крал Абдула Втори по средбата во Вашингтон порача дека нема да попуштат во борбата.
„Браќа и сестри, ние се соочуваме со голема тага, очај и гнев, по смртта на нашиот пилот. Сочувствуваме со семејството но мораме заеднички да и се спротивставиме на оваа терористичка организација која нема никаква врска со исламот. Тоа е наша должност“, изјави јорданскиот крал Абдула.
По веста за смртта на пилотот, во Аман неколку десетици илјади граѓани излегоа на масовни протести.
Марија Петковска
