2.000 работници ќе бидат ангажирани за изградба на патишта

04.02.2015 16:44

Само на двата нови автопата Кичево – Охрид и Миладиновци- Штип ќе бидат ангажирани над илјада работници од сите профили. Во правецот кон Охрид годинава ќе се инвестираат 70 милиони евра, а кон Штип 50. Ќе се градат повеќе години...

Годинава во земјава ќе се работи на 184 километри патна мрежа, за што ќе бидат инвестирани 223 милиони евра. Ако на ова се додаат и 132 киломатра нови автопати, како и рехабилитацијата на 58 од постојните, се добива вистинската слика за обемот на вложувања во патната инфраструктура. Според проценките,  освен механизацијата ќе бидат ангажирани и повеќе од 2.000 работници.

Само на двата нови автопата Кичево – Охрид и Миладиновци- Штип ќе бидат ангажирани над илјада работници од сите профили. Во правецот кон Охрид  годинава ќе се инвестираат 70 милиони евра, а кон Штип 50. Ќе се градат повеќе години.

Изградбата на автопатот Демир Капија- Смоквица е во напредната фаза и во него ќе се вложат 38 милиони евра.

Истовремено се врши рехабилитација и на 37 километри автопат на делниците Велес- Катланово, Гевгелија- Смоквица и Куманово – Миладиновци. Овие проекти бараат максимално ангажирање на домашната градежна оператива.

„Максимално ангажирње на опремата и на механизацијата. Се е екипирано, луѓето се поставени на терен. Номрално се дополнуваат некои позиции кои што фалат“, вели бизнисменот Сеад Кочан.

Годинава ќе почне изградбата и на два регионални пата, Градско- Прилеп и Штип-Кочани, а ќе продолжат и активностите на делниците Велес– Кадрифаково и Новаци- Добрушево.

Со пари од Светска банка ќе се врши рехабилитација на 10 магистрални и регионални патишта, во вкупна должина од 83 километри. Годинава ќе се градат и 46 локални правци во должина од 57 километри.

 

Свето Николовски