Ракомет

Мешков Брест загревање за Монпеље

04.02.2015 17:52

Овој и двобоите со Загреб и Војводина ќе бидат одлична проверка на формата во пресрет на вториот дел од сезоната во Лигата на шампионите и продолжението против Монпеље на 14 овој месец.

Ракометарите на Вардар ја отвораат годината со меч против Мешков Брест во Сеха лигата. Бранителот на титулата во оваа конкуренција во реприза на ланското финале со мотив плус откако во првиот двобој оваа сезона доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Белорусите. И двата тима имаат големи мотиви но и многу ракометари кои настапуваа на Мундијалот во Катар па тренерите имаат проблеми околу комплетирањето на составот.

Предводникот на Вардар Раул Гонзалес го подготвува тимот за реванш и посакува и теоретска заверка на место на завршниот турнир на четирите најдобри. Овој и двобоите со Загреб и Војводина  ќе бидат одлична проверка на формата во пресрет на вториот дел од сезоната во Лигата на шампионите и продолжението против Монпеље на 14 овој месец.

За разлика од неговиот соперник од клупата на Мешков, Жељко Бабиќ, шпанецот нема проблеми со повредени играчи но во последен момент ќе реши со кои сили ќе влезе во средбата. Хрватот во ослабениот состав ќе ги нема играчите кои повредени се вратија од Катар, репрезентативците на Белорусија, Бабичев, Шилович и Баранов и Словенецот Шпилер.

Покрај победата во ланското финале на Сеха, и гостинскиот пораз оваа сезона, Вардар во претходните две сезони во меѓусебните двобои со Мешков води со 3-1.

Натпреварот Вардар-Мешков Брест гледајте го на собраниски од 20.15.