Kиното во Делчево повторно во функција

04.02.2015 18:18

Лани со поддршка од Министерството за култура објектот доби нова фасада и покривна конструкција, а беа реконструирани и внатрешните простории...

Со два милиони денари од државната каса, повторно ќе се стави во функција руинираното кино во Делчево. Изградено во 1933-та година досега не е извршена никаква интервенција и реконструкција. Лани со поддршка од Министерството за култура објектот доби нова фасада и покривна конструкција, а беа реконструирани и внатрешните простории.

Министерката Канческа- Милевска го посети и селото Драмче од каде што потекнува соборното оро „Копачка“. Во селото Драмче се изведува орото „Копачка“ кое што е запишано во листата на УНЕСКО како нематеријално културно богатство.

Беше отворена и спомен-собата на дедо Митко- Димитар Станоевски кој 60 години бил ороводец на Копачката, а починал во 1993-та на 93 години. Собата е автентично сочувана и има многу вредни предмети.

Изложени се стари фотографии, предмети и инструменти што ги употребувал, народните носии во кои ја играл и предводел копачката.

 

Александра Перевска