Алпско скијање

Машкиот „Супер-џи“ одложен за утре

04.02.2015 20:14

Машкиот супервелеслалом, кој требаше да се одржи денеска е откажан...

Организаторот на Светското првенство во алпско скијање во Бивер Крик е соочен со временмските неприлики и првите отстапувања  од планираната натпреварувачка програма. Машкиот супервелеслалом, кој требаше да се одржи денеска е откажан.

Обилните снежни врнежи во текот на ноќта и изутрината и силниот ветар, кој беснее  во горниот дел од патеката е причината поради која жирито на трката донесе одлука да не им дозволи старт на скијачите. Новиот старт е планиран за четврток во 19 часот по средноевропско време.