Од утре нови врнежи
05.02.2015 09:31
Во текот на викендот температурите ќе бидат во опаѓање и ќе има слаби врнежи пред се во западните делови од земјата...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утре најавува нов поинтензивен влажен бран проследен со врнежи претежно од дожд, а на повисоките планини во западните делови со врнежи од снег. Локално врнежите ќе надминат 25 литри на метар квадратен.
Во текот на викендот температурите ќе бидат во опаѓање и ќе има слаби врнежи пред се во западните делови од земјата. Од понеделник времето ќе биде значително постудено и ќе дува умерен до засилен северен ветер.
За денеска, според УХМР, ќе се задржи сончево време со умерена облачност. Зголемена облачност ќе има во западните делови од земјата. Ќе биде релативно топло и умерениот југозападен ветер ќе предизвика дополнително топење на снежната покривка. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени. Во Скопското подрачје сончево со умерена облачност и ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе достигне до 11 степени.
