ЕЦБ повеќе нема да прима грчки државни обврзници
05.02.2015 09:40
ЕЦБ објави дека повеќе нема да прима грчки државни обврзници или гарантирани од владата обврзници како гаранција за доделување на кредити...

Европската централна банка соопшти дека донела одлука да ги лиши грчките банки од еден од нивните извори на финансирање, што може да резултира со финансиско задушување на Грција.
Одлуката за таквиот прекин е донесена синоќа од управниот совет на банката, се наведува во соопштение на ЕЦБ објавено неколку часа откако новиот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис изјави дека имал конструктивен и плоден разговор со претседателот на ЕЦБ Марио Драги.
ЕЦБ објави дека повеќе нема да прима грчки државни обврзници или гарантирани од владата обврзници како гаранција за доделување на кредити.
Новата грчка влада ги отфрли условите за строги мерки за штедење, со кои се обврзани спасувачките заеми на земјата. Сега владата на Ципрас се обидува брзо да постигне нов договор, со цел да се избегне запаѓање во неликвидност и евентуален излез од еврозоната.
