Пораз за 10 минути

05.02.2015 10:25

Металург водеше во текот на целото прво полувреме,на двапати пропишти шанса и за највисоки три разлика, а на полувреме замина со 13-12...

Екипата на Металург убедливо загуби на гостувањето во Прешов од Татран со 31-22,иако во поголемиот дел од натпреварот не само што беше рамноправен туку и подобар состав од домаќинот.Периодот од само 10 минути во средината на второто полувреме во кои  нашите ракометари не постигнаа , а примија дури 8 голови ,се покажа клучен за конечниот исход и 7-от пораз на металурзите во 12-0т настап во СЕХА регионалното натпреварување.

Почетокот не невести таков расплет. Металург водеше во текот на целото прво полувреме,на двапати пропишти шанса и за највисоки три разлика, а на полувреме замина со 13-12.Сличен беше соодносот на резултатот се до 47-та минута кога причината за црниот период од десет минути без гол може да се побара и во неколкуте последовни исклучувања кај гостинскиот состав.

КАко и во победата над Нексе,Вугринец беше најефикасен со 9 погодоци,Миркуловски постигна 5, додека во победничкиот состав Крок со 7,Антл со 6 и пикерот Петро со 5 голови сите во второто полувреме беа најзаслужни за пресвртот и победата на Татран.

Следен предизвик за подмладениот состав на Металург е саботниот СЕХА дуел со Војводина на домашен терен.