Експлозија во фабрика за плински боци во Богданци
05.02.2015 10:44
Експлозијата се случила околу 9 часот, по што настанал голем пожар...

Експлозија во фабриката за полнење на плински боци „Рапид-Гас” од Богданци, утрово ги потресе жителите на Богданци.
Експлозијата се случила околу 9 часот, по што настанал голем пожар, додека темен чад почнал да се издигнува на небото над Богданци.
Екипи на противпожарната заштита се на терен и се обидуваат да го локализираат. Засега нема информации за повредени.
