Малите производители на месо да ги почитуваат прописите за продажба на локални пазари
05.02.2015 11:20
Прописите за продажба на локалните пазари ќе мора да ги почитуваат и малите производители на месо. На тезги единствено ќе може да се најдат медот и јајцата...
На локалните пазари своите производи ќе мора да ги продаваат единствено во специјализиран објект или угостителски капацитет.
Исклучок се јајцата и медот кои може да се продаваат и на тезги.
За продажба на локален пазар максималното количество сурово млеко кое може да го произведе фармата не треба да изнесува повеќе од 10.000 литри годишно или до 30 литри на ден, а за млекото од овци нема ограничувања.
Производството на јајца не треба да надмине 50 парчиња дневно и да не бидат постари од 21 ден.
Продажба на медот не треба да биде повеќе од 1.000 килограми годишно.
Методија Трајков
