Три жртви и двајца повредени во експлозија во плинара во Богданци
05.02.2015 12:15
Противпожарните екипи го локализираа пожарот, а на терен се претставници на полицијата, јавен обвинител и општинските власти...

Тројца работници починаа, а двајца се повредени во пожарот што избувна изутрината во фабриката за плински боци „Балкан гас“ во Богданци, по експлозија во фабричките капацитети, потврдуваат од полицијата..
Еден од вработените, кој се здобил со тешки изгореници и повреди е упатен на скопските клиники, а другиот е со полесни повреди во локалната болница.
Противпожарните екипи го локализираа пожарот, а на терен се претставници на полицијата, јавен обвинител и општинските власти.
Според првичните информации пожарот избувнал изутрината пред 9 часот од искра во одделот за полнење плински боци.
