Фудбал

Силна група за нашите фудбалски надежи

05.02.2015 12:34

Задачата на македонските надежи до 21 година ќе биде тешка барем кога се работи за собирот во Полска во 2017-та...

На Европско фудбалско првенство не може да се стигне по лесен пат, но задачата на македонските надежи до 21 година ќе биде тешка барем кога се работи за собирот во Полска во 2017-та. Ждрепката го смести нашиот национален состав во силна група во којашто се и Франција, Украина, Шкотска, Исланд и Северна Ирска.

Во квалификациите има девет групи, а на континенталниот шампионат, покрај домаќинот, ќе учествуваат првопласираните селекции, како и победниците од двете бараж пресметки на најдобрите четири второпласирани репрезентации.