Ангела Меркел и Франсоа Оланд патуваат во Киев

05.02.2015 14:34

Двајцата челници ќе се сретнат со украинскиот претседател Петро Порошенко, а за утре планирале посета на Москва и средба со Владимир Путин...

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд денеска ќе отпатуват во Киев за да помогнат при пронаоѓање мирно решение по интензивирањето на насилствата во Украина.

Двајцата челници ќе се сретнат со украинскиот претседател Петро Порошенко, а за утре планирале посета на Москва и средба со Владимир Путин. Оланд изјавил дека заедно со Меркел решиле да преземат нова иницијатива со нов предлог за решавање на судирот којшто ќе се темели на територијална целовитост на Украина.