Велешани донираат за настраданите семејства од поплавите

05.02.2015 14:49

Во невоља се познаваат пријателите. Велешани сочуствуваат со настраданите семејства од полавите во Источна Македонија и како добри пријатели кој колку може помагаат. Се донира вода, средства за хигиена, постелнина. Се вртат и хуманитерните телефонски броеви...

„Од младите за Истокот“, под ова мото велешани ја започнаа хуманитарната акција за донирање на вода и средства за хигиена за настраданите од поплавите подрачја во Источна Македонија. Во центарот на градот е лоциран еден од пунктовите.

„Треба да им помогнеме во тешка ситуација се и треба да бидеме сите хумани.“

„Телефонски по 100 денари.“

„Се вклучив во акцијата и преку телефон донирав за настраданите од поплавите во Источна Македонија“, велат случајно анкетираните велешани.

Организаторите велат акцијата ќе трае неколку дена. Очекувањата се дека и овој пат велешани ќе ја покажат својата хуманост.

„Оваа акција се организира низ цела Македонија со што сакаме да  им излеземе во пресрет и да им подадеме рака на оние на кои им е најпотребно во моментов“, изјави Влатко Миров, УМС ВМРО- ДПМНЕ, Велес.

Помош за настраданите подготвува и ОО на Црвен крст.

Вртејќи на 143-400 од трите мобилни оператори велешани можат да ја искажат својата хуманост донирајќи и по 100 денари.

 

Дијана Иванова