Уапсен Фадиљ Арслани, првоосомничен во акцијата „Чекан“

05.02.2015 15:08

Тој со уште 18-мина се товари за злосторничко здружување, рекет, лихварство и насилен криминал...

Во Гостивар е уапсен Фадиљ Арслани, првоосомничениот во акцијата „Чекан“ по кого полицијата трагаше речиси два месеца.

Тој со уште 18-мина се товари за злосторничко здружување, рекет, лихварство и насилен криминал.

Групата на нелегален начин давала лихва и подоцна од должниците одземала недвижен имот и автомобили.