Македонија и Ирска со највисок раст на БДП во Европа
Само Македонија и Ирска ќе имаат раст на БДП од 3,5 проценти годинава, а во 2016-та се предвидува зголемување од по 3,6 отсто...

Република Македонија и Ирска ќе имаат најголем раст на бруто-домашниот производ во 2015 и 2016 година, покажува прогнозата на Европската Комисија што ја претстави комесарот за економски прашања и финансии, Пјер Московиси.
Само Македонија и Ирска ќе имаат раст на БДП од 3,5 проценти годинава, а во 2016-та се предвидува зголемување од по 3,6 отсто.
Комисијата за македонската економија предвидува силен раст на инвестициите, придвижени од јавните инфраструктурни проекти и зголемената домашна побарувачка во 2014-та година од странските инвестиции, што се очекува да остане единствениот двигател на растот во оваа и во наредната година.
Свето Николовски
