Хакирана електронската пошта на министерот Спасов
05.02.2015 13:26
МВР и јавното обвинителство покренуваат истрага. Ќе се достави барање до Гугл за да се утврдат фактите...

Хакиран мејлот на министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. Тој вчера во полицијата пријавил дека некој во негово име неовластено од неговата електронска пошта пуштал мејлови.
МВР и јавното обвинителство покренуваат истрага. Ќе се достави барање до Гугл за да се утврдат фактите.
Во МВР велат - одделението за компјутерски криминал работи на откривање на хакерот кои влегол во електронската пошта на министерот Спасов.
