Кери во посета на Киев, продолжуваат борбите на истокот од Украина
Украина бара воена опрема од САД, но Вашингтон сеуште се противи на испораката на радари, беспилотни летала и противракетни системи...

Најмалку пет украински војници загинаа, 19- мина се повредени во судирите со проруските бунтовници во последните 24 часа во регионот Дебалчево, соопшти портпаролот на војската. Во Киев е државниот секретар на САД, Џон Кери на разговори со претседателот Порошенко и премиерот Јацењук. На украинските власти кери ќе им понуди 16,4 милиони долари хуманитарна помош наменета за цивилното население.
Украина бара воена опрема од САД, но Вашингтон сеуште се противи на испораката на радари, беспилотни летала и противракетни системи. Киев донесе и одлука за укинување на безвизниот режим за руските граѓани. Јацењук оцени дека оваа одлука ќе ја зајакне границата меѓу Украина и Русија. Според последните податоци, над 5.000 луѓе загинале во конфликтот.
