Врвен приоритет на грчката тајна служба се националните интерси

05.02.2015 16:10

Грчката Влада и грчкото Минитерство за надворешни работи имаат на располагање стотици милиони евра тајни фондови. Овие фондови речиси секоја година ја надминуваат предвидената сума, па се трошат и десетици милиони повеќе од предвиденото, а дипломатските кругови коментираат дека нивната висина не е оправдана бидејќи не се случила некоја голема разврска на важните национални прашања...

Системот со кој што тие располагаат има можност истовремено да следи околу 6.000 телефонски и над 2.000 интернет линии. Преку овој систем службите може да го следат секој вид на комуникација како говорни повици, СМС, ММС, електорнски пошти и факсови. Системот овозможува и прецизно лоцирање на корисникот на мобилниот телефон или компјутерот преку ИП адресата.

Поради специфичните национални интереси, грчките служби се особено активни во Европа и средниот Исток.

„Согледувајќи ги позициите на Грција, нејзината најчина, геостратешка политика, согледувајќи го текот на настаните во геостратешка смисла, земајќи ја во обзир Македонија, Кипар, турското прашање, бугарското, албанското прашање, во однос на Грција, таа секогаш има позиција на тенденција на влијание. За грчката служба се одвојуваат огромни средства и за заштита и за влијание, односно за можност на влијание во одредени држави во регионот“, вели помошникот директор во Управата за безбедност и контраразузнавање, проф. д-р Златко Кесковски.

Грчките разузнавачки служби имаат неколку клучни одговорности како борба со криминал, трговија со луѓе и дрога итн, но прв и најважен приоритет им е собирање, анализа и дистрибуција на податоци кои што се однесуваат на грчките национални интереси и националната безбедност.

За ставката национални интереси, грчката Влада и грчкото Минитерство за надворешни работи имаат на располагање стотици милиони евра тајни фондови. Овие фондови речиси секоја година ја надминуваат предвидената сума, па се трошат и десетици милиони повеќе од предвиденото, а дипломатските кругови коментираат дека нивната висина не е оправдана.

Грчките медиуми деновиве се обидоа да го маргинализираат случајот „Пуч“ и одбрана на Заев преку напади насочени кон премиерот Никола Груевски и Владата.

„И нормално е дека грчката држава во ваков склоп на настани, тенденциозно и политиката поткрепена од разузнавачките служби дејствува во таа насока, токму кон осланување на државата во сите нејзини пори“, нагласува Кесковски.

Македонската експертска и научна јавност и натаму се сомнева дека Заев соработувал со тајните служби на јужниот сосед. Интересен факт е дека поранешниот премиер Папандреу ги зголемил црните фондови за тајните служби за 480%. За ова, грчкото МНР молчи.

Марија Котовска- постојан дописник од Атина за МРТ