Оланд и Меркел во посета на Киев
Попладнево ќе дискутираат со претседателот на Украина Порошенко, а во петок ќе заминат во Москва на средба со рускиот претседател Владимир Путин. Според Оланд „нема време за губење“ и потребно е Франција да преземе иницијатива.

Францускиот претседател Франсоа Оланд на својата редовна шестмесечна конференција за печатот најави дека попладнево заедно со германската канцеларка Ангела Меркел ќе заминат во Киев со нов предлог за решавње на конфликтот.
„Попладнево ќе заминеме во Киев со канцелраката Меркел, со нов предлог за решавње на конфликтот со зачувување на територијланиот интегритет на Украина“ – рече Оланд пред новинарите во Елисејската палата.
Тој притоа појасни дека попладнево ќе дискутираат со претседателот на Украина Порошенко, а во петок ќе заминат во Москва на средба со рускиот претседател Владимир Путин. Според Оланд „нема време за губење“ и потребно е Франција да преземе иницијатива.
Во однос на ситуацијата со Грција, францускиот претседател рече дека „ситуацијата е позната од пред четири години“, според него „штедењето кое му беше наметнато на грчкиоот народ, доведе до негово отфрлање, ноне и отфрлање на еврото и на Европа. Улогата на Франција е да се најде договор за почитување на гласањето на грчкиот народ, но и почитување на обврските преземени од Грција.
Пред да одговори на прашањата на новинарите, Оланд нагласи дека за да може Франција да го зачува своето единство, и својот ранг во светот, тоа може да го направи само ако е е економски силна, посочувајќи ги реформите кои ги спроведува неговата влада.
Претходно, осврнувајќи се на терористичките напади на кои беше изложена Франција од почетокот на годинава, шефот на француската држава редупреди дека терористичките закани се сеуште присутни.
„Франција на почетокот од годинава беше нападната во најсветото: слободата на изразување, републиката и човековата еднкавост“ – рече Оланд, според него Франција на овие напади реагираше со достојност и обединетост на Републиката.
Францускиот претседател сака да го продолжи духот од јануари 2015, тоа што го претставува „единството на Републиката“, зборувајќи за масовните собири на французите по атентатите.
Тони Гламчевски, дописник од Франција за МРТ
