Македонците од Србија почнаа да собираат помош за загрозените подрачја во Македонија

05.02.2015 16:51

Во повикот на Националниот совет до сите македонци во Србија, стои да се вклучат во акцијата, со цел да се помогне на загрозените припадници на нашиот народ во матицата, исто како што таа помогна со поплавите во Србија...

Сите 35 здруженија на македонците во Србија, од Врање до Суботица, во организација на Националниот совет на македонската заедница во Панчево, од денес почнаа со хуманитарната акцијата за собирање парична помош за поплавените подрачја во Македонија.

Од денес почнавме да ги анимираме сите наши припадници на нашата заеденица во Р.Србија, во собирање на парична помош. Таа ќе биде уплатувана на жиро сметка на Црвениот крст на Р.Македонија.Првите акции започнаа во Јабука, Качарево и Глогоњ, каде нашите активисти одат од куќа до куќа и собираат средства. Имаме цел,задача и обврска тоа да го работиме на целата територија на Србија, со анимирање на сите граѓани на Србија, за кои сум сигурен дека ќе се отповикаат на оваа наша акција“, изјави Борче Величковски, претседател на НС на македонската заедница во Србија.

Во повикот на Националниот совет до сите македонци во Србија, стои да се вклучат во акцијата, со цел да се помогне на загрозените припадници на нашиот народ во матицата, исто како што таа помогна со поплавите во Србија.

Речиси сите медиуми во Србија со текст и со слика ја пренесуваат состојбата со загрозените поплавени подрачја во Македонија, информирајќи ја јавноста за големите штети причинети од водената стихија.

 

Оливер Бранковиќ, дописник од Белград за МРТ