Македонија- привлечна дестинација за туристите од Белгија

05.02.2015 17:22

Се повеќе странци ја посетуваат Македонија. Охрид и манастирите се магнет за туристите. За убавините на земјава се слушна и во европската престолнина. На Меѓународиот саем за туризам во Белгија, Македонија има и промотивен штанд...

Македонија бележи позитивен тренд на странски посетители од година во година. Само лани бројот на туристите се зголемил за скоро 10%, а оваа година се очекува раст до 15 %, истакна директорот на Aгенцијата на за промоциjа и развој на туризмот, Кристијан Џамбазовски.

„Мерките кои ги преземавме се покажаа како кавалитетни, тоа го покажува статистиката. Тоа се субвенициите кои ги донесе владата допринесоа до зголемување на туристите од земјите на Бенелукс до 550% во последните 6 години и вкупна бројка од 30.000 посетители за една година“, нагласува Џамбазовски.

Џамбазовски посебно ја потенцираше важноста на продлабочената соработка на партнерите и тур- операторитеНа лице место имавме можност да се увериме во највата од страна преставниците на „Џет Ер“.

„Забележуваме дека Македонија се качува на скалилата на Балканскиот пазар во 2015 година. За нас тоа е важна дестинација. Џет Ер има директни летови и се надевам дека ќе ја продолжиме успешната соработка со Македонија. Се надевам со заедничка соработка на тур операторите и Агенцијата за промоција на туризмот ќе успееме Македонија да ја преставиме како примамлива дестинација за годишен одмор“, вели Росмеријан Куартиер, маркетинг кординатор на „Џет Ер“.

Убавините на Македонија промовирани од тимот на агенцијата, го привлекоа вниманието на Бриселчани на саемот „Брисел Холидеј Експо“. Впечатокот од нашите соговорници е дека „кога еднаш ќе ја посетите нашата земја- повторно ќе сакате да се вратите таму“.

„Сум бил на одмор, тоа е прекрасна земја за да се посети. Сум бил во Охрид, Скопје, Битола, Прилеп, тоа се многу убави градови со богата култура. Топло препорачувам да се посети Македонија“.

„Во Македонија има многу манастири. Манастирите се многу убави, многу сум посетил, тие се навистина прексрасни“, велат граѓаните кои ги анкетиравме.

Ова е трета година по ред Македонија да биде преставена на бриселскиот саем, причината е се поголемиот инетерс на белгиските туристи.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ