Без поддршка на ЕЦБ, Грција ќе западне во уште една криза?!

05.02.2015 17:26

Финасиксите експерти оценија дека без подршка на доверителите на ЕЦБ, Грција наскоро ќе западне во уште една криза, бидејќи нема пристап на пазарот поради високите трошоци на задолжувањата и дека грчката влада има пари за неколку месеци, а на лето мора да врати 10 милијарди евра долг...

Европската централна банка одлучи синоќа повеќе да не ги купува грчките обврзници како осигурување на заеми, префлувајќи го товарот на грчката Националната банка која ќе треба да ги финансира грчките банки. Одлуката за изолирање на оваа земја беше донесена отккао новата грчката влада ја повика ЕБЦ да ги одржи нејзините банки во живот додека не договори ублажувања на долгот со партнерите од еврозоната. Но, во тоа не успеа.

Првиот човек на ЕЦБ пресече и објави дека одлуката за Грција ќе стратува на 11-ти март. Тоа значи дека Националната грчка банка ќе мора на банките да им обезбеди итни заеми и да го сноси ризикот. Веќе две банки се нашле во тешка сотојба откако биле повлечени големи штедни влогови по победата на Сириза. 

Финасиксите експерти оценија дека без подршка на доверителите на ЕЦБ, Грција наскоро ќе западне во уште една криза, бидејќи нема пристап на пазарот поради високите трошоци на задолжувањата и дека грчката влада има пари за неколку месеци, а на лето мора да врати 10 милијарди евра долг. По студениот однос на италијанските и француските социјалисти на грчкиот премиер, патот ги води кон Берлин, чиј став е децеиден- или соработка со „тројката“ или пак нема отпис на долгот.

„Јасно дека грчката влада сеуште е на истата позиција, што е разбирливо бидејќи е  неколку дена на власт. Уште еднаш ќе ги слушнеме нивните предлози и ќе ги разгледаме варијантите, но јасен е нашиот став, нема отплата на долговите кон кредиторите“, изјави германската канцеларка, Ангела Меркел.

Очите на финанскиот свет се вперени кон првиот човек на ЕБЦ, Марио Драги, кој не случајно го нарекуваат „Мистер Евро“.

Но, откако ЕЦБ одлучи да пласира 1.100 милијарди евра во фреквенција од 60 милијарди месечно до 2016-та година, финасиските експерти со дилема дали ризикот    за слабеењето на еврото ќе го зајкне уште повеке швајцарскиот франк и колку со слевањето на парите на финасикиот пазар корист ќе има и обичниот европски граѓанин.

 

Мирјана Василева