Богданци во шок: Загинаа тројца работници во експлозија на фабрика за плински боци
Истражните екипи официјално потврдија дека трите жртви во пожарот се на возраст од 40, 42 и 60 години и дека сите се од селото Ѓавато оддалечено пет километри од Богданци...

Богданци е во шок по експлозијата во фабриката за плински боци која заврши трагично за тројца вработени. Има и повредени со тешки изгореници. Еден е хоспитализиран во клиниките во Скопје.
Последните информации велат дека целосно е изгаснат е пожарот што избувна изутрината во фабриката за плински боци „Балканс гас“ во Богданци по експлозијата.
Истражните екипи официјално потврдија дека трите жртви во пожарот се на возраст од 40, 42 и 60 години и дека сите се од селото Ѓавато оддалечено пет километри од Богданци. Телата на починатите се предадени на судска медицина за да им се изврши обдукција.
Истражните дејствија на теренот продолжуваат и натаму.
