Оланд и Меркел во Киев разговараат за новиот мировен план
06.02.2015 11:17
Европските министри за одбрана се огласија против доставувањето оружје за украинската армија...

Претставници на самопрогласената Доњецка република и украинската војска постигнаа договор да направат коридор со кој ќе им се овозможи на цивилите од Дебалчево да го напуштат регионот во кој има жестоки борби.
Германската канцеларка Меркел и францускиот претседател Оланд во Киев разговараат за новиот мировен план.
Европските министри за одбрана се огласија против доставувањето оружје за украинската армија, што е знак за потенцијална трансатлантска криза, доколку САД одлучат да и достават оружје на оваа земја.
