Балканот зафатен од снежно невреме
06.02.2015 13:50
Поради дефект во термоелектраната во Загреб, неколку населби останаа без струја...

Невреме на Балканот. Снежните врнежи кои непрекинато паѓаат од вчера, проследени со силен ветер предизвикаа проблеми во Хрватска. Во неколку региони е прогласен црвен метеоаларм. Поради снегот прекини и во сообраќајот. Доцнат и автобусите. Патиштата на повисоките места се непроодни.
Поради дефект во термоелектраната во Загреб, неколку населби останаа без струја. „Од изутрина сите екипи се на терен, и се обидуваат да го отстранат снегот“, потврдуваат надлежните.
Снежните врнежи создадоа проблеми и во Босна и Херцеговина. Снежната покривка во некои региони достигнаа до педесет сантиметри, а метеоролозите предупредуваат дека ќе продолжат и во текот на денот. Отсечени се повеќе села на повисоките места.
И Словенија се соочува со проблеми со времето. Прогласен е портокалов метео аларм. Дел од училиштата се затворени, а снегот не претсанува да паѓа.
Граѓаните во Северна Грција се соочуваат со поплави. Евакуирани се две населени места по течението на реката Марица. Спасувачката акција била преземена, откако насипите покрај коритото на реката се урнале, што довело до поплавување на населението.
Марија Петковска
